Понижувачко: Сега редици и хаос и за налепниците на регистарските таблички ли следува?

Наметнувањето вонредни обврски на граѓаните од страна на МВР станаа секојдневие. Јавноста реагира – барем да беа добро организирани…

Ќе бидат ли станиците за технички преглед и регистрација на возилата нови „пунктови“ каде ќе се создадат нови редици на граѓани? Ова е новата дилема откако вчера од МВР соопштија дека 12 февруари е крајниот рок до кој граѓаните на регистарските таблички на своите возила ќе мора да ја имаат ознаката „НМК“.

Во „Службен весник“ на 3 јануари веќе било објавено решението за цените на обрасците што ги издава МВР, а од кое се гледа дека цените на налепниците ќе се движат од 30 до 50 денари. Веќе бил склучен и договор со конкретната фирма и по што течат законските рокови за испорака на налепниците.

Денеска се јавивме во станица за технички преглед денеска за да прашаме до каде се со продажбата. Ни изјавија дека налепниците се уште не им се доставени.

-Очекувавме да ни ги достават денеска, но не ги добивме. Сега се надеваме дека ќе ги добиеме во понеделник или вторник. Процедурата ќе биде едноставна, граѓанинот со сообраќајна дозвола ќе ги купува на шалтер и потоа сам ќе си ги става на регистарската табличка на своето возило, ни изјавија од една станица за технички преглед од подрачјето на општина Гази Баба.

Значи, пак апсурд, како со пасошите. До последен момент граѓанин не може да ја заврши обврската иако ете пробал да ја заврши. МВР покажа слаба организираност околу сето ова.

Ама казни ќе фрштат. Ама поранешниот министер Спасовски може пак ќе кажува дека и новиот хаос кој ќе настане е по вина на граѓаните?

МВР веќе отпорано соопшти дека до 12 февруари регистрациите на возилата мора да бидат со ознака „НМК“, врз основа на одредбите од Преспанскиот договор со Грција. Зошто налепниците не се одамна подготвени туку на само една недела пред крајниот рок?

Редиците се чини ќе бидат неизбежни. Нови малтретирања, нови понижувања…

Поуките од малтретирањето на граѓаните со смената на пасошите како да не се извлечени. Ќе одговара ли некоја поради тоа?

Претходна вестМакедонските фудбалери на 25-ти март против Црна Гора во Анталија
Следна вестЃорѓе Давид ослабнал пет килограми – едвај чека да го запознае сопругот на прегазената жена