Секој ден само ќе бројат колку пожари изгаснале, а пироманите утре ќе потпалат други?

И вчера пожарникарите гаснеа многу пожари на отворено низ Македонија. Противпожарните тимови интервенирале на 10 пожари и сите ги изгаснале.

Браво за тоа. Браво и што последниве месец – два пожарникарите заедно со волонтери и со пилотите на леталата за гаснење неуморно работат на терен.

Сепак, нели е поарно сите тие да немаат работа? Превентивно треба институциите да делуваат, а и граѓаните малку со поголема одговорност да се однесуваат.

Инаку е џабе што вчера од Центарот за управување со кризи изразија надеж дека временските услови се повлажни и нема да има многу пожари. Пироманите си се пиромани, треба барем некој да биде фатен и казнет.

При вчерашните десет пожари, гореле сува трева, ниска вегетација, деградирана, а и мешана и борова шума, лозја, овоштарници, капини, депонии, отпадоци и слично.

Регионалниот ЦУК – Скопје, информира дека пожарникарите од БППЗ на Град Скопје во изминатото деноноќие ги бележат следните интервенции: во период од 10:30 до 13:35 часот, гаснеле запалено ѓубриште кај Спортската сала – Борис Трајковски. во гаснењето на пожарот интервенирале со две противпожарни возила и пет пожарникари. Зафатена била површина од 1.500 м2, во општина Карпош. Во период од 13:50 до 15:00 часот гаснеле запален сува трева покрај улицата „Бел Камен“, при што во гаснењето на пожарот интервенирале со едно противпожарно возило и 4 пожарникари. Зафатена била површина од 4.000 м2, во општина Бутел. Во период од 21:22 до 22:55 часот, на улицата „Иван Манолев“ во општина Бутел, гаснеле запален двор – запалена барака и шупа, а во гаснењето на пожарот интервенирале со 4 противпожарни возила и 12 пожарникари.

Регионалниот ЦУК Битола, информира дека, пожарникарите од ТППЕ Битола во период од 16:45 до 18:00 часот со едно противпожарно возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација кај село Долно Српци во општина Битола; ТППЕ Демир Хисар интервенирале во период од 14:30 до 15:35 часот со едно противпожарно возило и двајца пожарникари интервенирале на ниска вегетација во атар на село Обединик во ппштина Демир Хисар; ТППЕ Прилеп интервенирале од 16:25 до 17:10 часот со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација меѓу касарните и Дата центар, кај депонијата во Прилеп во општина Прилеп.

Регионалниот ЦУК Штип, ја пренесува информацијата од ТППЕ Берово, во која се наведува дека во период од 15:15 до 17:15 часот интервенирале на запалена ниска вегетација во близина на викенд населбата „Суви Лаки“. Во гасењето на пожарот интервенирале со едно противпожарно возило и двајца пожарникари и се вклучиле и месно население како и две лица од гранична полиција. Имале и мала интервенција во бизина на истата локација (Општина Берово)

Регионалниот ЦУК Куманово, ја пренесува информацијата од ТППЕ Куманово, во која се навеува дека во период од 13:10 до 16:05 часот со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација и појаси од багреми во населбата „Долно Којнари“ во општина Куманово и ТППЕ Крива Паланка бележеле една помала интервенција во општина Крива Паланка.

Голем дел од овие пожари се предизвикани од човечки раце. Време е на нив да бидат ставени лисици.

Претходна вестЛидерите на милитантните групи се координираат за да извојуваат победа над Израел
Следна вестЛевица: Јакимовски во обид шверцерски да се донесе ДУП за Влае 2 и да продолжи со бетонизација на Карпош