Темен режим Режим на светлина

Спасовски за пукањето во „Ист Гејт“: Се прибираат податоци за да се открие сторителот

Веќе активно работиме на случајот. Приклучени се форензика, одделот за организиран криминал и заеднички се прибираат податоци за да се открие сторителот, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со вчерашното пукање во трговскиот центар „Ист Гејт“. Спасовски истакна дека станува збор за криминална пресметка.

– Во еден град како Скопје, но и во другите градови, секако дека криминални активности се случуваат секој ден и работата на полицијата е да работи на подобрување на безбедноста, не само во делот на криминалот, туку и сообраќајот. Вакви изолирани инциденти се случуваат и ќе се случуваат, изјави Спасовски за медиумите кој присуствуваше на отворање на нов објект за форензички испитувања на МВР.

Спасовски вели дека е на полицијата и е позната заднината на лицето кон кое е пукано и дека станува збор за криминална пресметка.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

До понеделник се очекува да се отвори нов пункт за промена на личните документи во Скопје

Следна објава

МВР доби најголема и најсовремена форензичка лабораторија на Балканот