Пуштен во употреба новиот спортски комплекс во Долно Лисиче

Долно Лисиче доби ново спортско игралиште за фудбал и кошарка и ново детско катче. После долги години, населеното место „Чатал“ има модерен, локален спортски комплекс, кој е заокружување на неколку важни инвестиции во спортот и инфраструктурата во овој дел од општината.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, претседателот на советот, Дејан Митески и останати претставници на општината и советот го посетија реконструираното и проширено игралиште во Долно Лисиче каде со средства од општинскиот буџет, направена е целосна реконструкција на фудбалското игралиште, поставено е ново осветлување, вештачка трева, реквизити за деца, како и нов терен за кошарка.

Градоначалникот Муцунски при посетата истакна дека радоста на децата е најважна, а инвестициите наменети за нив се високо во приоритетите на општината.

-Да ја вратите насмевка на детските лица и среќата во нивниот живот е една од најубавите и најблагодарните работи кои може да ги направите за своето семејство, својата средина и генерално за целата општината“, истакна Муцунски.

Претходна вестНаучници од Кина открија осум досега непознати вируси кои се шират меѓу глодарите, можат да се заразат и луѓе
Следна вест„Модерна смрт“ – изложба на Петар Миљковиќ, Симона Новаковиќ и Мартин Џепароски од денеска во КИЦ