Темен режим Режим на светлина

Скопјанец и кочанчанец украле „опел астра“, уапсени на патарина

Скопјанец и кочанчанец биле уапсени на наплатна станица Тетово. Тие претходно украле патничко возило „опел астра“.

– Полициски службеници на СВР Тетово ноќеска околу 03.10 часот на наплатна станица Тетово, ги лишиле од слобода 38-годишниот Р.К. од Скопје 18-годишниот и О.А. од Кочани, кои претходно во Гостивар извршиле тешка кражба на патничко возило „опел астра“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на 43-годишниот И.И. од гостиварски Градец, соопшти МВР.

Возилото било паркирано на улица „Кеј братство единство“, со клучевите во брава, додаваат од МВР.

Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени поднесоци, а возилото денеска ќе му биде вратено на неговиот сопственик.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

„Модерна смрт“ – изложба на Петар Миљковиќ, Симона Новаковиќ и Мартин Џепароски од денеска во КИЦ

Следна објава

Французин каснат од куче скитник во охридско