Пребрзото возење и натаму е најчест прекрошок кој го прават возачите на скопското подрачје. Ова го покажуваат и полициските конторли направени во текот на изминатово деноноќие од кои произлегува дека секој пети казнет возач возел пребрзо над дозволените 50 километри на час.
-На територијата на град Скопје изречени се вкупно 181 мерка, од кои 36 за управување со брзина поголема од дозволената, соопшти денеска МВР.
Освен ова, изречени се и 17 мерки за возење без возачка дозвола, 11 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 13 за користење на мобилен телефон и пет мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло).
-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопшти МВР.