Централното собрание на Алијансата на Албанците според статутот има право да донесе одлука за разрешување и доверба на претседателот, истакна денеска претседателот на партиското собрание на Алијанса на Албанците Зијадин Села. Тој зборуваше пред почетокот на Собранието на партијата прашан дали ќе се разговара за оговорност на претседателот Арбен Таравари.
Потенцираше дека членовите на извршното собрание се тие кои според статутот на партијата ја имаат одговорноста да одлучуваат и нагласи дека поканети се сите членови на централното Собрание, вклучивајќи го и Таравари.
На прашањето дали според статутот на партијата, Централното собрание може да го разреши Таравари од претседателската функција на партијата, Села рече дека тоа е можно, но дека конечна одлука носи Конгресот на партијата.
-Ако зборуваме за Статутот, највисокиот орган е Централното собрание. И да, според статутот има такво право. За да донесе одлука за разрешување и доверба на претседателот. Но за таква нешто конечно одлучува Конгресот. Секој член на централното собрание одлучува за партијата и за одлуките кои треба да се донесат во партијата. Ова е органот каде се носат конечни одлуки и тоа се очекува денес, истакна Села.
Во поканата за денешниот состанок, како прва точка на дневен ред е извештајот на претседателот на партијата околу политичките случувања во врска со наредните претседателски и парламентарни избори, а втората точка е разгледување на одлуката на Претседателството на партијата од 21 октомври минатата година, околу настапот на партијата на парламентарните избори
Села рече дека покана за присуство на Централното собрание е пратена до Таравари, исто како и за секој член на ова тело. На прашањето дали меѓу присутните делегати се и поддржувачите на Таравари, тој одговори дека не знае кој се е присутен на Собранието.
-Сега влегувам, не знам кој се има внатре, одговори Села.
Очекува дека има ќе има мнозинство, потенцира и дека секој преку глас ќе го каже својот став.
-Најверојатно ќе имаме мнозинство, внатре се членовите на централното Собрание. Секој сам ќе се изјасни преку глас, рече Села.