Темно Режим Светло Режим

Шкендија не издржа во продолженијата и загуби со 4-1 од Лудогорец

Македонскиот фудбалски првак Шкендија не успеа да ја сочува предноста од 2-1 од Скопје, на гостувањето кај Лудогорец во Разград. Тимот од Тетово успеа да се избори за продолженија, но во нив домашните стигна до два гола и до пласман во Лигата на Европа.

Куртулус уште во 9. минута успеа да го донесе Лудогорец до предност, а во 24. минута бугарскиот тим имаше веќе 2-0 со голот на Чочев, резултат кој го носеше во групите во Лигата на Европа.

Шкендија во вториот дел се врати со голот на Тамба, а истиот играч имаше шанса во 88. минута да го реши прашањето околу пласманот во Лигата на Европа, но не реализираше супер шанса.

Во продолженијата Текпетеј и Биле успеаја да дадат два гола и така да го однесат Лудогорец во групната фаза во Лигата на Европа.

Шкендија продолжува сега во групите на Лигата на Конференции.

Претходниот Пост

Битолчанец се удави во Охридското езеро

Следниот Пост

Сончево и топло со температура до 37 степени