Шпански „АС“: Столе Димитриевски е опција за Реал Мадрид

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е предмет на интересот на шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид. Овој клуб планира да направи сериозни промени во играчкиот кадар во овој преоден рок, а една од позициите на која ќе има освежување е голманската.

Тибо Куртоа е неприкосновен како прв голман, но вториот голман Андриј Лунин не сака повеќе да биде негова замена, сака нов предизвик во кариерата, па Реал е принуден да бара решение на трансфер пазарот.

Реномираниот „АС“ пренесува дека кралевите имаат три имиња на списокот, а едно од нив е македонскиот репрезентативец Столе Димтриевски. Членот на Рајо Валјекано е втора опција за Реал, односно засега предност има Давид Сорија од Хетафе затоа што великанот смета дека има асови во рака и полесно би можел да се реализира за трансферот.

Освен Давид и Столе на кратката листа е и Фернандо Пачеко од редовите на Еспањол.

-На Македонецот од Рајо договорот му завршува во 2024 година, што значајно би ја спуштило неговата цена, а тој беше стандарден цела сезона, играјќи преку 3.000 минути, пишува „АС“.

Претходна вестСообраќајот кон Делчево се пренасочува преку Берово- Смојмирово- Виница
Следна вестВладата е загрижена што опаѓа наталитетот во Македонија?