Темен режим Режим на светлина

Силно невреме ги зафати Охрид, Струга и Дебрца

Силно невреме ги зафати охридско-струшкиот регион, односно Охрид, Струга и Дебрца. Невремето беше проследено со пороен дожд и грмотевици и ветер повеќе од еден час.

Засега нема информации за предизвикани штети. Плажите целосно се испразнија, како и масите од угостителските објекти кои се поставени на отворено.

Според прогнозата на УХМР, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и изолирана појава на град.

Невреме се очекува и во Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Загина млад моторџија

Следна објава

Kомандир во тетовската касарна, поттикнал војник да побара 3.000 евра мито за избор на офицер