Занаетчиите бараат од државата да продолжи мерката за субвенционирање на минимална плата од 17.410 до 21.700 денари, и таа да биде безусловна и да не се враќа. Бараат и еднократна финансиска помош за да ги покријат заостанатите индиректни трошоци.
-Со овие предложени мерки ќе можеме да обезбедиме одржливост на домашните занаетчиски дејности и работните места, закрепнување на одредени дејности и поттик на јавната потрошувачка, вели претседателот на Комората, Агрон Фазлији.
Вчера, со 15 барања настапи Сојузот на стопански комори за помош на областите транспорт, туризам, угостителство и згрижување на деца, при што инсистираат да бидат дел од петтиот владин антикризен паакет што е најавен за почетокот на годинава.