Проверете дали ви се точни трансакциските сметки во УЈП – следува исплата од МојДДВ

Во текот на февруари на трансакциските сметки на граѓаните ќе се врати дел од ДДВ од скенираните фискални сметки преку апликацијата МојДДВ за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.

Според пресметките на УЈП, во овој период се скенирани  67.272.456 фискални сметки со вкупен промет од 33,398,562,346 денари, а на граѓаните ќе им се вратат околу 382 милиони денари или околу  6,1 милион евра.

Но, она што како проблем може да се појави за 5.506 граѓани е што во апликацијата МојДДВ имаат внесено погрешна трансакциска сметка, додека 334 граѓани немаат одобрен кориснички профил во ЕПДД што е услов за користење на апликацијата МојДДВ.

Затоа, од УЈП апелираат да се направи проверка.

Претходна вестАпелите за носење маски „во ветер“ – бројот на казни е константен
Следна вестПетнаесет починати од ковид-19 во земјава за 24 часа, најмладиот на 46 години