Шахпаска: Градинките се безбедни, нема заразени деца

Состојбата во градинките е стабилна и се следи на дневно ниво. Последниот извештај покажува дека дека има само 20 случаи на воспитувачи, негуватели и други вработени позитивни на корона вирусот, но не и на позитивни деца, вели министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Таа смета дека од ваквата состојба може да се заклучи дека пандемијата не се шири внатре, туку дека случаите кои се регистрирани се заразиле надвор од градинката.

За барањата на некои градинки за зголемување на бројот на деца што ќе бидат згрижени, особено во групите јасли за деца од 0 до 2 години, ќе одлучува Комисијата за заразни болести.

-Ние денеска писмено се обраќаме до нив, зашто сепак тие се најкомпетентни, го следат текот на болеста, не само на локално, регионално, туку и на светско ниво и од нив очекуваме одлука дали ќе има зголемување на опфатот на деца во овие групи, но не и за другите, изјави Шахпаска.

Претходна вестЧаир, Карпош, Драчево и Долно Соње утре повеќе часови без струја-Усје без вода
Следна вестЗамина најпознатиот глас на РТВ Скопје – почина Бранка Станковска