Темен режим Режим на светлина

Казнети 157 возачи во Скопје, поминувале на црвено, немале возачка…

Сообраќајната полиција пак имала многу работа во Скопје. Имено, вчера само на територијата на град Скопје биле изречени вкупно 157 казнени мерки.

За возење без возачка дозвола биле санкционирани 10 лица, 16 за користење на мобилен телефон, четири за возење под дејство на алкохол. Изречени се 11 санкции за непочитување на брзината на движење, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), 41 мерка за непрописно паркирани возила и 31 прекршок направен од страна на пешаците.

Од МВР уверуваат дека ќе продолжат со засилените сообраќајни контроли и во наредните денови.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Владата ги објави своите плати, ќе се дознаат ли платите на директорите од државните агенции, комисии, претпријатија...

Следна објава

Убаво, Општина Центар додели 400.000 денари помош за Петриња и Сисак кои беа погодени од земјотрес