На влез во Скопје полицијата запре возило со 40 килограми марихуана

Со полициска акција вчера бил пресечен меѓународен канал за транспорт на наркотична дрога марихуана, која од Косово била транспортирана на територијата на Македонија, соопшти денеска МВР.

–На булеварот „Јадранска магистрала”, на влезот во Скопје било запрено патничко возило „Шкода фабија”, управувано од А.М. (42) од Скопје. При извршениот преглед на возилото, во багажникот се пронајдени две големи вреќи со марихуана, во вкупно количество од околу 40 килограми, со пазарна вредност од над 100.000 евра, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи (МВР).

А.М., како што информира МВР, е лишен од слобода и спроведен во полициска станица за понатамошна постапка, при што во текот на денот ќе биде предаден со кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје. А.М. бил осудуван и издржувал затворска казна, а во 2017 година во Србија е лишен од слобода при транспорт на поголема количина хероин.

Претходна вестЦаровска објасни во МАНУ за реформите, а академиците…
Следна вестБензините поевтинуваат за две денари, престанува да важи Уредбата за скалеста акциза