Чаир, Карпош, Драчево и Долно Соње утре повеќе часови без струја-Усје без вода

Делови од Чаир, на улиците „Кемал Сејфула“ и „Џон Кенеди“ утре дури седум часа утре ќе бидат без струја. Според информациите од ЕВН, прекинот ќе биде од 8 часот наутро до 15 часот.

Нешто помалку од чаирчани, без струја ќе бидат жителите на Карпош со адреси на ул. „Козле“, подулица бр. 1, и тоа од 9 до 14 часот. Три часа, од 10.30 до 13.30 часот прекин во снабдувањето со струја ќе има за жителите на улиците „Букурешка“ (од бр. 97 до бр. 115) и „Прашка“ (од бр. 44 до бр. 78).

Најкус ќе биде прекинот во населбата Драчево, за дел од улицата „Малешевска“ (од 9 до 11 часот) и од 11 до 13 часот за дел од улицата „12“ во Долно Соње.

Како причина се наведуваат технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

И од ЈП „Водовод и канализација“ за утре најавија рестрикции во снабдувањето со вода. Се работи за жителите од населбата Усје кои поради активности на приклучок на водоводната мрежа на ул. „Борис Трајковски“ б.б. ќе бидат без вода од 9.30 часот.

Претходна вестНе можеле да се контролираат, завршиле во полиција
Следна вестШахпаска: Градинките се безбедни, нема заразени деца