Не можеле да се контролираат, завршиле во полиција

Три лица се приведени во текот на вчерашниот ден за нарушување на јавниот ред и мир и за напад на полицаец, на две локации во Скопје.

Првиот настан се случил вчера претпладне во населбата Аеродром, кога полицијата привела 60-годишен жител на с.Миладиновци, пријавен дека пред објект на бул. „В.С. Бато“ во Ново Лисиче недолично се однесувал.

Вечерта пак, околу 22 часот на Бит Пазар се приведени две лица на 21 и 22- годишна возраст, обајцата од Скопје, откако едниот агресивно се однесувал, а другиот физички нападнал полицаец.

За двете дела законот превидува казни.

Во првиот случај се работи за дело од Законот за прекршоци на јавниот ред и мир, при што казната е од 100 до 400 евра, без разлика да се работи за карање, викање, дрско однесување, фрлање предмети и вознемирување на граѓани или пијанство.

Во вториот случај се работи за кривично дело кое според Кривичниот законик (член 383) за напад врз службено лице, казната може да биде парична или затвор до три години.

Претходна вестПетнаесет починати од ковид-19 во земјава за 24 часа, најмладиот на 46 години
Следна вестЧаир, Карпош, Драчево и Долно Соње утре повеќе часови без струја-Усје без вода