Ако Дрисла е современа депонија, Вардариште е „современа“ мизерија

Дрисла откако е под град Скопје прерасна во современа депонија, се пофали вчера градоначалникот Петре Шилегов. Меѓу другото долговите на претпријатието се намалиле – што било исклучително важно, покрај модернизацијата.

Лавина од реакции кај скопјани предизвика оваа информација на социјалните мрежи:
-Да се фалите дека депонија станала современа е тажно и смешно, светот роботи има измислено за замена на човечкиот фактор, а ние со депонија се фалиме…

-Добро е што конечно заличуваме, макар и според место за отпад, на малку посредените земји…

Но има и такви, меѓу скопјани, кои се сетија и на нешто друго:
-Супер што сте ја средиле Дрисла, туку да дојдете да ја „збришете“ Вардариште, во среде населба Маџари каде живеат луѓе се наоѓа – ако сте заборавиле да ве потсетиме: неколку протести таму се одржаа, неколку ветувања дадовте, еднаш рековте дека во моментот се празни па кога дојдоа новинарски екипи видоа дека всушност камион на Комунална хигиена ја полни, ги каравте новинарите дека ја викаат депонија, па ги корегиравте дека била привремена…

-Ако Дрисла е современа депонија, Вардариште е вашата современа мизерија! Требаше прво оваа страшна депонија во среде населба да ја средите а потоа да решавате нешто друго…

Очигледно е дека скопјани ја поддржуваат акцијата на Градот за претворање на Дрисла во современа депонија, но истовремено очекуваат сериозните долгогодишни проблеми да не се забошотуваат. На крајот повторно виси прашањето, зошто Вардариште е уште проблем број еден кога се во прашање дивите депонии во Скопје.

Претходна вестЗамина најпознатиот глас на РТВ Скопје – почина Бранка Станковска
Следна вестПановски: Можеби е подобро во првата фаза да се вакцинираат 800.000 лица со една доза, наместо 400.000 лица со две дози