Собранието го изгласа законот за попис, ВМРО-ДПМНЕ ќе бара негово поништување

Парламентот го донесе законот за попис. По 19 години во април ќе се одржи попис на населението во Македонија. Собранието денеска со 62 гласа „за“, без „против“ и „воздржани“, го усвои законот за попис на населението и домаќинствата, кој треба да се одржи пролетва.

Владејачката коалиција предводена од СДСМ доби поддршка за Законот од Алијансата за Албанците и Алтернатива, а против законот беше ВМРО-ДПМНЕ. Опозиционерите најавија дека ќе бара негово поништување и започна со собирање потписи од граѓаните за поништување на законот.

Пописот ќе се спроведе од 1 до 21 април годинава. Во оваа сложена статистичка операција ќе се попишуваат резиденти, нерезиденти и вкупно население. За разлика од претходните, овој попис ќе има неколку новини. Главната новина е што ќе се спроведува со т.н комбиниран метод. Овој метод подразбира истовремено попишување на терен со оној класичен метод, интервју лице во лице, но и користење податоци од регистри, односно бази на податоци. Пописот ќе се спроведува со електронски прашалници, со користење на ИТ- технологија.

Инаку, многу контроверзи имаше при подготовката на овој закон, се најавуваа и бојкоти, а високи преставници на ДУИ дури и укажуваа над кој процент на Албанци треба да има во пописот за да тој биде признат.

 

Претходна вестСрбија ќе ни помага и во регистрацијата на вакцината, а што правеле македонските органи?
Следна вестСите бараат субвенции од државата- по стопанствениците се јавија и занаетчиите