Темно Режим Светло Режим

Скопје ќе добие две нови средни училишта и фотоволтаици на сите останати, кажа Ѓорѓиевски

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја претстави својата визија за модерно, дигитално и еколошки одржливо образование, најавувајќи изградба на две нови средни училишта и целосна енергетска трансформација на сите постојни училишта во главниот град.

Според неговата програма, нови современи средни училишта ќе се изградат во Драчево — нов објект за СУГС „Браќа Миладиновци“, и во Ѓорче Петров — нова зграда на „Кочо Рацин“. Ѓорѓиевски истакна дека овие училишта ќе бидат дигитализирани, енергетски ефикасни и прилагодени на потребите на современото образование.

„Нема посветла инвестиција од онаа во умот и срцето на едно дете. Ако сакаме Скопје да биде вистински европски град, мора да вложиме во генерациите што доаѓаат после нас“, рече Ѓорѓиевски, додавајќи дека образованието е темелот на секој напреден град.

Во рамките на најавената програма, секое средно училиште ќе добие фотоволтаици, нови фасади, термоизолација и паметни системи за следење на потрошувачката на енергија. Ќе се воведе и дигитализација со брз интернет, смарт табли, проектори и дигитални содржини
Една од најиновативните мерки е воведувањето на AI личен тутор – дигитален асистент достапен за секој ученик, кој ќе помага во учењето и ќе ги заменува скапите приватни часови. Планирани се и AI лаборатории со 3D модели и интерактивни симулации во неколку училишта.

Ѓорѓиевски најави и рестартирање на Планетариумот во МКЦ, кој ќе стане центар за наука, култура и технологија, како и поставување на пречистувачи на воздух и енергетски ефикасни системи за климатизација во сите училишта.

Претходниот Пост
Коњановски: Првите 100 дена од новиот мандат се посветени на развој и грижа за граѓаните

Во Битола се гради нов Центар за спорт и рекреација вреден над 40 милиони денари, кажа Коњановски

Следниот Пост

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен – очекува потврда за поддршката за процесот на евроинтеграција