Јавно сообраќајно претпријатие Скопје најави нова функционалност со која патниците ќе можат онлајн да ги надополнуваат своите картички за превоз, без потреба од одење во билетарница.
Новата опција е достапна преку официјалната веб-страница на претпријатието, каде што корисниците преку мобилен телефон или компјутер можат со неколку чекори да додадат средства или билети на својата картичка. Од ЈСП велат дека процесот е едноставен и дека ќе придонесе за намалување на редиците, како дел од процесот на дигитализација и модернизација на јавниот превоз.
Сепак, воведувањето на оваа новина доаѓа во период кога јавниот транспорт во Скопје се соочува со сериозни предизвици. Граѓаните подолго време реагираат на недостиг од автобуси и чести доцнења на линиите.




