Темен режим Режим на светлина

Општина Карпош ќе набавува машина за чистење на отпад и депонии

Општина Карпош ќе набавува машина за чистење на отпад и депонии Општина Карпош ќе набавува машина за чистење на отпад и депонии

Денеска се одржа деветтата седница на Советот на Општина Карпош, каде советниците разгледуваа и одлучуваа по три точки од дневниот ред. Оттука, поддршка доби Предлог – Одлуката за кофинансирање на проектот кој го објави Министерството за локална самоуправа на РСМ, насловен како „Набавка на телескопски натоварувач со променливи корпи“.

Станува збор за набавка на механизација која ќе ја користат службите од Општина Карпош, задолжени за одржување на јавната хигиена на своја територија.

Имено, оваа машина ќе служи за расчистување на различен вид отпад, гранки, лисја, но исто така и за отстранување на депонии.

Согласно техничката спецификација, проценетата вредност на машината е близу 3 милиони денари со пресметан ДДВ.

Во случајов, како што информираа од Општината преку социјалните мрежи, Општина Карпош ќе го кофинансира проектот со 330.000 денари со вклучен ДДВ, односно ќе учествува со финансиски средства во висина од 11% од вредноста на набавката.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
По немирите на наркокартелите во Мексико е помирно, војската е се уште на улиците

По немирите на наркокартелите во Мексико е помирно, војската е се уште на улиците

Следна објава
На неколку места во Гази Баба поставени контејнери за кабаст отпад

На неколку места во Гази Баба поставени контејнери за кабаст отпад