Темен режим Режим на светлина

Сообраќајка на патот Градско-Прилеп, три лица тешко повредени

Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди

Шест лица биле повредени во сообраќајка на патниот правец Градско-Прилеп. Од повредените тројца биле со тешки телесни повреди.

– На 09.04.2023 во 14.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на патниот правец Градско-Прилеп, пред мостот кај с.Тројаци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.И.(27) од с.Горно Лакочереј, охридско и патничко возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(49) од с.Врбоец, крушевско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Д.М., сопатникот од неговото возило Х.Н.(19) од с.Врбоец и сопатничка од возилото „ауди“, М.Д.(29) од Охрид, додека со телесни повреди се здобила М.И. и сопатниците од истото возило, Д.Ј.(32) од с.Требеништа и А.Б.(25) од с.Пештани, констатирани во Градската болница Прилеп, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Кардиохирурзи од Србија работеа 12 викенди по ред за повеќе да нема листа на чекање

Следна објава

Иванова од СДСМ, Мехмеди од Алијансата и Адеми од ДУИ номинирани за работната група за уставните измени