Темно Режим Светло Режим

Сопственикот доби кривична пријава – хотел во Скопје крадел струја

Полицајци, наставничка и пожарникар осомничени за незаконско посредување за побрзо издавање на лични документи Полицајци, наставничка и пожарникар осомничени за незаконско посредување за побрзо издавање на лични документи

Откриена е голема кражба на електрична енергија во центарот на Скопје, каде што хотел со четири ѕвезди на улицата Луј Пастер бил нелегално приклучен на електромрежата.

Од Електродистрибуција објавија дека при редовна техничка контрола во станбена зграда која се наоѓа до хотелот, нивните екипи пронашле три нелегални и изгорени кабли, кои поради преголема оптовареност претставувале сериозен ризик од пожар. Каблите веднаш биле исклучени за да се спречи можен инцидент.

Но по дополнителната контрола, екипи утврдија дека хотелот повторно бил приклучен на еден од нелегалните кабли.

Случајот е целосно документиран и против сопственикот е поднесена кривична пријава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

(Видео) Прва скопска ТВ: Директно со Стевчо Јакимовски, кандидат за градоначалник на Карпош од ГРОМ

Следниот Пост
Лишен од слобода бегалец од затворот во Струмица

Возачот што избега откако прегази и тешко повреди 11-годишно девојче е уапсен