Среќно браќа, одбојкарите ги испраќаат ракометарите на СП

Одбојкарите на македонската репрезентација им испраќаат, но и директно им даваат силна подршка и желба аз успех на своите ракоменти колеги.

Среќно, браќа…, напишал одбојкарскиот капитен Никола Ѓоргиев споделувајки заедничка фотографија со неколку ракометни репрезентативци каде е и капитенот Кире Лазаров.

Ѓоргиев објавил и фотка со несопирливиот ракометар на РК Вардар и на репрезентацијата – Стојанче Стоилов. Нему му пратил друга порака:

-Среќно братуу, газии.

Инаку за потсетување, македонските ракометари попладнево ќе полетаат за Каиро, каде утре против Шведска ќе го имаат првиот настап на СП 2021. Од друга страна, одбојкарите во меѓувреме бркаат нов настап на еврошампионатите.

 

Претходна вестФилипче: Лекот „Ивермектин“ да се зема само со препорака на матичен лекар
Следна вестМатичните лекари добија протокол за лекување со Ивермектин, ќе следат и консултации со клинички доктори