Во скопските ковид центри има 190 слободни болнички кревети

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 190 слободни места во скопски ковид центри, информира денеска Министерството за здравство. Се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

-Вкупно 333 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, се наведува во информацијата.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми и тоа по еден пациенти бил хоспитализиран на Клиниката за уво, нос и грло, на Клиниката за дерматологија, на Клиниката за гастроентерохепатологија и на Очната клиника. Двајца болни се примени на Клиниката за Неврологија и тројца на Клиниката за нефрологија. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 5 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 9 во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 25 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 19 пациенти, на Клиниката за неврологија 20 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 18 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 21 пациент, на Клиниката за очни болести 6 пациенти, а на ОРЛ 17 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 24 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 93 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 88 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 25 пациенти.

Во ковид – центрите во болниците низ земјава вкупно се лекуваат 725 пациенти со ковид-19 и има околу 600 празни болнички кревети,

Претходна вестМицкоски: Повлекување на законот за попис или ќе се собираат потписи на граѓани за негово поништување
Следна вестБочварски ја реши дилемата со патарините: Секој одлучува дали ќе вози по автопат или по пат без патарина