Српската членка на претседателството на БиХ го обвини претставникот на Меѓународната заедница за кризата

9

Српската членка на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка
Цвијановиќ, го посочи претставникот на меѓународната заедница за таа
земја, Кристијан Шмит, како виновник за кризата, предизвикана од негови
недејтонските и неуставните потези.

Претходно Шмит достави Извештај до Советот за безбедност на Обединетите
нации, во кој оцени дека во БиХ се уште преовладува мир и покрај
тензиите иницирани од страна на владејачката коалиција во Република
Српска.

Советот за безбедност на ОН ќе одржи седница 31 октомври, на која ќе се
разгледува ситуацијата во БиХ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестГраѓаните во паника ги напуштаат домовите, има урнати згради
Следна вестЕнергетиката ја гледаме како национален приоритет и државна стратегија, кажа Мицкоски