Темен режим Режим на светлина

Стасуваат пониски сметки за парно, ги намалило топлото време

Пониски сметки за парно греење ќе добие најголем дел од потрошувачите приклучени на централното греење во Град Скопје, соопшти денеска ЕСМ Снабдување со топлина. Граѓаните ќе добијат пониски порамнителни фактури за греење споредено со авансните фактури коишто ги добивата во текот на грејната сезона.

Причина за тоа, како што посочуваат, се значително повисоките просечни надворешни температури од прогнозираните во текот на грејната сезона, која почна на 15 октомври 2022 година, а заврши на 28 април 2023 година.

-Сепак, висината на порамнителните фактури е различна за секој потрошувач и зависи од карактеристиките и енергетската ефикасност на објектот и од количината на испорачана топлинска енергија до објектот, информираат од ЕСМ Снабдување со топлина.

Ако при порамнувањето се утврди дека е потрошена повеќе топлинска енергија отколку што авансно е пресметана, тогаш разликата се распределува на три еднакви рати и соодветно се фактурира во сметките за месеците мај, јуни и јули. Ако, пак, потрошувачот авансно платил повеќе отколку што е утврдено при мерењето на потрошената топлинска енергија, тогаш може да побара поврат на разликата доколку нема заостанати долгови.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

ЕВН и натаму нема пристап во Слупчане и Арачиново

Следна објава

Меџити: Јовев ќе продолжи да работи на Кардиологија, одлуката не ја преиспитувам