Стружанец зема плата од 156 илјади евра, штипјанец има пензија од 11.000 евра…

Најмладиот милионер во Македонија минатата година има 6 години, додека највозрасниот 101 година, соопшти на денешната конференција за печат Соња Лукаревска, директорка на УЈП. Податоците се добиени врз основа на обработените годишни даночни пријави за 2019 година.

Таа објасни дека најмладиот македонски милионер, кој остварил бруто приход во 2019 година над еден милион денари, е дете, родено во 2013 година, кое печали преку закупнина. Додека највозрасниот граѓанин од оваа категорија, има 101 година.

-Највозрасниот граѓанин, кој остварил приход над 10 милиони денари, има 86 години. Најбогатиот пензионер живее во Штип со пензија од 11.000 евра, или во текот на 2019 година примил над 137.000 евра. Битолчанец е најбогатиот граѓанин кој лани заработил 3,5 милиони евра. Највисоката плата пак, била исплатена на лице од Струга, од индустријата со метали – кој годишно пријавил бруто доход од 1,9 милиони евра или месечната плата му била 156 илјади евра, соопшти Лукаревска.

По битолчанецот кој во минатата година заработил 3,5 милиони евра следува граѓанка од Скопје која имала годишен бруто доход за ланската година од 2,8 милиони евра. 

Претходна вестФинците фино и објаснија на Царовска, сега ќе ја врати ли реформата на поправен?
Следна вестСпасовски: Казната од 45 евра за возачот на „Бентли“ не е доволна