Тешко повреден моторџија кај ГП „Блаце“

Со тешки телесни повреди се здобило едно лице во сообраќајна несреќа што се случила вчера кај граничниот премин „Блаце“

-На 07.02.2021 во 17,50 часот кај бензинска пумпа на магистрален пат Скопје – Граничен премин „Блаце“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Мерцедес“ со косовски национални ознаки, управувано од Х.С.(59) од Р.Косово и моторцикл „Хонда“ со струшки регистарски ознаки, управуван од А.Б.(39) од Струга. По незгодата А.Б. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од доктор му биле константирани тешки телесни повреди, соопшти МВР.

Извршен е увид на местото на настанот.

Претходна вестМатурантите од денеска на настава, ако нема решение ќе кампираат пред Министерството за образование
Следна вестСе знае ли сега како ќе се попишува етничката, јазична и верската припадност на печалбарите?