Темен режим Режим на светлина

Трамп најави дека Зеленски ќе ја посети Белата куќа во петок за да го потпише договорот за минерали

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски би можел да ја посети Белата куќа во петок за да потпише договор за ретки земни минерали, со кој ќе се финансира американската воена помош за одбрана од целосната руска инвазија.

Најавата дојде неколку дена по тензичните преговори меѓу САД и Украина, за време на кои Зеленски тврдеше дека САД вршат притисок врз него да потпише договор вреден повеќе од 500 милијарди долари, што ќе принуди „десет генерации“ Украинци да го плаќаат.

Медиумите доцна синоќа објавија дека се постигнати условите од договорот.

-Слушнав дека доаѓа во петок. Секако дека е во ред со мене ако сака да дојде. И ако сака да го потпишеме заедно. И од она што го разбирам, тоа е голема работа, многу голема работа, им рече Трамп на новинарите.

Според Фајненшл тајмс, кој прв објави вест за договорот, новите услови не ги вклучуваат претходно наметнатите барања за правото на 500 милијарди долари потенцијален приход од експлоатација на ресурси, вклучително и ретки земни метали, како и украинска нафта и гас.

Рамковниот договор подразбира заедничка сопственост над фонд за развој на украинските минерални ресурси, со одредени клаузули за ресурси кои веќе придонесуваат во државниот буџет.

Договорот е поповолен за Украина од првичната понуда на Вашингтон, но не вклучува долгорочни безбедносни гаранции што Киев сакаше да ги постигне како дел од договорот.

Одредени детали од договорот остануваат нејасни, вклучувајќи го и американскиот удел во новиот фонд.

На прашањето што ќе добие Украина од овој договор, Трамп одговори.

-350 милијарди долари, воена опрема и право да продолжи да се бори. Во основа имаме договор во врска со земјата и разни други работи. Ќе ја разгледаме општата безбедност на Украина подоцна. Мислам дека тоа нема да биде проблем. Многу луѓе сакаат да го направат тоа и разговарав со Русија за тоа. Изгледа дека немаат проблем со тоа. Затоа мислам дека разбираат дека нема да се вратат. И кога ќе завршиме со ова, тие нема да се вратат“, додаде Трамп.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Македонија е делумно слободна земја, според извештајот на „Фридом хаус“

Следна објава

Митева: Новата Влада нема пракса да вработува на партиска и етничка основа