Темен режим Режим на светлина

Во Минхен откажани голем број летови поради штрајк

Најсилната економија во Европа (Германија) веќе извесен период има проблеми. Манифестациите се разни, а сега најново е дека е започнат дводневен штрајк на работниците на аеродромот во Минхен. Тоа е вториот по големина аеродром во Германија.

Аеродромскиот оператор соопшти дека авиокомпаниите откажале речиси 80 отсто од летовите од овој аеродром и дека не исклучуваат дополнителни откажувања. Тамошен синдикат вчера свикал предупредувачки штрајк во обид да го зголеми притисокот врз тековните преговори со федералната влада и градските власти за платите и условите за работа на вработените во јавниот сектор, пренесува Макфакс.

Штрајкот треба да заврши в петок на полноќ. Меѓу учесниците има и вработени во одделенијата за аеродромски услуги.

Вработените во јавниот сектор исто така ја прекинаа работата на разни други места и услужни индустрии во Германија. Ова вклучува некои вработени на аеродромот во Хамбург, иако аеродромот соопшти дека се откажани само летовите до и од Минхен, објави германската новинска агенција ДПА.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

ВМРО-ДПМНЕ: Владата посветено работи, со зголемување на инвестициите да го подобри стандардот на граѓаните

Следна објава

Вучиќ: Пресудата против претседателот Додик е насочена против српскиот народ во целина