Темен режим Режим на светлина

Третоодделенец од Неготино позитивен на корона вирус

Ученик од трето одделение во неготинско училиште е позитивен на корона вирус. Поради тоа, во изолација се 18 соученици и двајца наставници. Информацијата за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог во Центарот за јавно здравје Кавадарци.

Тој додаде дека во изминатите 24 часа евидентирани се 28 случаи позитивни на Ковид-19 во Кавадарци, три во Росоман, 17 во Неготино.

– Новозаболените се на возраст од осум до 82 години. Се утврдуваат нивните контакти со цел да се изолираат, нагласи Јовановски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Двајца Албанци фатени со марихуана, па нападнале полицајци

Следна објава
ОЈО ГОКК: Притвор за тројца осомничени за злосторничко здружување и оружје

Поднесено обвинение и против трето лице за убиството на Саздо