Четири лица приведени од Онкологија, меѓу нив и ексдиректор

Четири лица вработени на Клиниката за Онкологија, меѓу кои и поранешен директор, се приведени по полициската акција извршена утрово во оваа здравствена институција. Организацискиот директор Халид Матоши за „Макфака“ изјави дека заедно со поранешниот директор приведени се уште две лица вработени на Клиниката, од кои едното е медицинско лице.

-Само дојдоа со налог кој треба да се приведе, не разговаравме. Од тука тројца се земени. Поранешниот директор и уште двајца вработени. Секретарката не се појави на работа денеска, може е земана од некаде, не знаеме, исклучен ѝ е телефонот. Едно медицинско лице и еден вработен, рече организацискиот директор Матоши.

Јавното обвинителство, поак, соопшти дека се приведени вкупно четири лица кои се задржани поради сомненија дека сториле кривични дела. Но, истражните дејствија продолжуваат.

Медицинската директорка на Клиниката, Виолета Клисаровска, извести дека и покрај приведувањата, Клиниката функционира во целокупниот обем.

-Клиниката работи и функционира нормално. Сите закажани пациенти, тековни прегледи, предвидени терапии на пациентите, како и прием на нови пациенти, функционира нормално. Работат сите амбуланти, работиме со полн капацитет на Клиниката. Затоа замолувам да не се создава паника, никој од пациентите нема да биде вратен. Сите ќе ја примат предвидената и планирана терапија, рече директорката Клисаровска.

По налог на Обвинителството утрово полицијата влезе на Клиниката за онкологија. Обвинителството за „Макфакс“ само кусо потврди дека се преземаат дејства по наредба на јавен обвинител.

Претходна вестДо кај ќе одат: Илон Маск објави дека е извршено прво вградување на чип во човечки мозок
Следна вестЛевица: Пратениците минатата години потрошиле 20 милиони денари за патни трошоци