Темен режим Режим на светлина

Уапсен битолчанец кој преку писмо се заканувал на јавниот обвинител Јовески

Приведено е лице кое полицијата го сомничи дека стои зад заканите со убиство кон државниот јавeн обвинител Љубомир Јовески. Приведувањето се случило во Битола од каде што било и испратено писмото во кое беше содржана заканата.

Станува збор за лицето С.З. (56) од Битола и против него до Основното јавно обвинителство Прилеп е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Обвинителот Јовески на 27 јануари соопшти дека преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година во 10:26 часот, добил закана по неговиот живот. Во писмото беше наведено дека Јовески ќе биде убиен многу брзо доколку од гонење не бидат ослободени двајцата новинари од ТВ Алфа, Горан Момировски и Драган Милосављевиќ.

Препорачаната пратка со заканата беше напишана на македонски и на англиски јазик.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Уставните судии го отфрлија барањето на Каракамишева за повреда на правата со Преспанскиот договор

Следна објава

Мехмедовиќ се дообјаснува: „манипулациите со високата смртност“ биле во јавноста, а не од Комисијата