Темен режим Режим на светлина

Уапсен уште еден Србин во Косово, Србите најавија протестен марш

Во раните утрински часови во Лепосавиќ е уапсен уште еден Србин. Поради ова апсење но и неколку инциденти претходно Србите најавија протестен марш.

Претходниот ден Канцеларијата за Косово и Метохија соопшти дека припадници на специјалните единици на косовската полиција претепале две српски деца. Сè уште се спречува влезот на српска стока во Косово, што е потег што го презеде Приштина по апсењето на тројца припадници на косовската полиција.

Косовската полиција на својот Фејсбук профил објави дека „во раните утрински часови е уапсен Србинот У.В., од село во општина Лепосавиќ, осомничен дека е вмешан во напад врз медиуми и новинари“.

Поради последново апсење но и некoлку инциденти претходно, Србите на северот на Косово за денеска закажаа протестен марш. Почетокот на собирот е закажан за 13 часот во Косовска Митровица.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Власта ја доведе состојбата во Македонија до неизбежни предвремени избори

Следна објава

Запленети околу 71 килограм марихуана на Деве Баир