Успешно завршила првата трансплантација на бубрег, втората во тек

Успешно заврши првата трансплантација на бубрезите кои доцна во ноќта беа експлантирани на Клиниката за урологија, информира попладневно Министерството за здравство.

Во соошштението се наведува дека во тек е и втора трансплантација со која ќе биде пресаден и вториот бубрег на донорот – 21 годишната девојка Верица Белчовска која неодамна загина во сообраќајна несреќа а чије семество се реши на хуман чин на донирање на органи.

-Во тек е втората трансплантација кај 40 годишен пациент со хронична бубрежна болест кој исто така ќе добие бубрег од починатиот донор. Благодарение на семејството на 21 годишната девојка кое ги донираше органите, до сега се спасија три животи. На Клиниката за ортопедија ќе се трансплантираат коски и делови од меки ткива кај пациенти со ортопедски болести во текот на следната недела, се наведува во информацијата.

Претходна вестПротест на ВМРО-ДПМНЕ: Додека народот не знае од што повеќе е погоден тие си тераат забава
Следна вестЗошто толку го мразат и Скопје?