Матичните лекари во земјава утре ќе протестираат. На своите Фејсбук страници голем дел од нив ги повикаа пациентите да ја одложат секоја неитна посета на нивниот матичен лекар.
Според најавите утре секој во својата ординација цел ден ќе протестира со прием само на итни случаи.
Причина за тоа е да изразат револт против тоа што во текот на целата пандемија примарното здравство не добило никаква поддршка, срамната вредност на капитацискиот бод од 65 денари, иако им беа ветени 95 денари, бараат воведување партиципација во примарно здравство и олеснување од административни бремиња и промени во закон кој не регулира меѓу кои ургентно пациенти да се врзуваат со ординација а не со конкретен лекар.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



