Вардар преку баражот избори опстанок во Првата лига

Фудбалерите на Вардар и наредната сезона ќе се натпреваруваат во Првата македонска фудбаска лига. Попладнево на стадионот „Младост“ во Струмица, славеа во баражот за опстанок против Детониот со 2:0 (2:0).

Вардар на теренот во Струмица, пред голем број свои навивачи покажа дека е поквалитетен тим од Детонит.

Во првото полувреме ги реши сите дилеми околу победникот.

Еден блиц криг во периодот од 42. до 45.минута им беше доволен на црвено-црните да ја обезбедат победата кога мрежата на Детонит ја погодија Ѓуриќ и Шушњара.

Претходна вестБез струја делови од општините Ѓорче Петров и Карпош
Следна вестВо прекин сообраќајот на патот Штип – Кочани поради сообраќајка