Темно Режим Светло Режим

Велосипедист тешко повредил 85-годишна жена во Скопје и побегнал

На ул.„Московска“ во Скопје, непознато лице со велосипед удрило во Љ.Г.(85) од Скопје и го напуштил местото на настанот. Ова вчера во 10.00 часот било пријавено во СВР Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Љ.Г. која била итно пренесена во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Османи: Се надевам дека ќе ја завршам мисијата во ЕУ како претседател

Следниот Пост

Народниот правобранител отвори бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачкото право