Темно Режим Светло Режим

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски го најави фестивалот „Егзит“ догодина во Скопје, СДСМ со друг став

Постигнат е договор со Душан Ковачевиќ, основачот на познатиот музички фестивал „Егзит“, од следната година да се одржува да се одржува во Скопје, соопшти кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Според него, Скопје од следната година ќе стане една од дестинациите на оваа европска фестивалска групација со што ќе се зголеми квалитетот на културната понуда и ќе го позиционира градот на туристичката мапа.

Од друга страна од СДСМ велат дека Орце Ѓорѓиевски манипулира објаснувајќи дека секоја сериозна личност што го прочитала официјалното соопштение на EXIT лесно може да утврди дека за фестивалот не постои потврда оти ке се одржи во Скопје ниту во 2025 година ниту во 2026 година.

Претходниот Пост

Заборавен проект во Пробиштип, објектот за стари лица стои неискористен и парализиран

Следниот Пост

(ВИДЕО) Шукова: Скопската зоолошка ќе биде модерна и со хуман третман за животните