Визија за целосна трансформација на Зоолошката во современ, едукативен и
хуман јавен простор најави Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје,
Каја Шукова.
Таа истакна дека моменталната состојба на ЗОО не одговара на
потребите и потенцијалот што оваа институција го има.
„Зоолошката градина треба да биде многу повеќе од место за прошетка.
Таа
треба да биде простор каде децата учат за животните и природата, каде
семејствата се чувствуваат безбедно и пријатно, а животните живеат во
достоинствени услови“, изјави Шукова.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




