Темен режим Режим на светлина

(Видео) Расипан радар на аеродромот во Скопје

Расипан дел на радарот во Контролата за летање на скопскиот аеродром, направи хаос во следењето на авионите.

Викендов, контролорите не можеа да ги следат авионите на мала височина при слетување, па затоа слетувањата беа еден по еден.

Според информацијата од М-НАВ, контролата на авионите на поголеми височини се врши со поддршка од грчки и бугарски радари.

Контролорите на летање претходно најавуваа штрајк поради застарената опрема, кој беше ставен во мирување по ветувањата дека ќе се инсталира нов систем.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

(Видео) На денешен ден 22.09

Следна објава

Над 100.000 Американци на комеморацијата на Кирк