Темен режим Режим на светлина

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ троши 100.000 евра за партиска забава во Струмица, а глуми загриженост за граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за лицемерие, тврдејќи дека партијата троши огромни суми пари на забави, додека во јавноста глуми загриженост за економската состојба на граѓаните.

-Додека СДСМ оди по маркети и се преправа дека ја интересира како живеат граѓаните, истата таа партија троши околу 100.000 евра за настан кој го нарекуваат манифестација за Денот на жената. Ова е врв на нивното лицемерие, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата прашува кој ги платил трошоците за организацијата на овој настан, вклучително и партискиот марш во Струмица.

-СДСМ да одговори кој ги плаќаше сметките по кафеаните и кафулињата во Струмица? Кој ги покри трошоците за автобусите од Скопје, како и за најмените десетина комбиња?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека додека биле на власт, функционерите на СДСМ краделе од народните пари, а сега, според нив, со тие исти пари финансираат партиски забави.

-СДСМ треба да престане да ги лаже граѓаните и да даде конкретни одговори, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

СДСМ бара објавување на договорот со „Ѓока“, партијата се сомнева дека е наместен

Следна објава
Сончев ден со свежо утро, следува период на стабилно време

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност