„Македонија е држава која се вбројува меѓу земјите кои издвојуваат значителни средства за правосудството“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од владејачката партија посочуваат дека секоја година од државниот буџет за македонското судството се одвојуваат дури 0,39% од БДП, што е повеќе и од далеку помоќните економски европски држави како Франција која за судството одвојува 0,20%, Германија 0,30%, Грција 0,26% од БДП.
„Овие податоци покажуваат дека иако Македонија е мала држава и по територија и население, сепак за правосудството издвојува значителни средства од државниот буџет. Ова значи дека нашата држава во правосудството вложува најмногу од сите, а добива најмалку.
Согласно вложувањата ние требаше да имаме најнезависно и најефикасно правосудство, но наместо тоа граѓаните гледаат бавни постапки, нерешени предмети, одложувања без основ, политички влијанија и недоверба. Судниците се претвораат во места каде што правдата се чека, но истата ретко се добива, а понекогаш, таа воопшто не ни стигнува, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.





