ВМРО-ДПМНЕ: Заради неспособноста на СДС македонските граѓани плаќаат најскапа струја во регионот

Цената на струјата во Македонија, која ја плаќаат граѓаните 89.5 евра за мегават час, и е убедливо најскапо од сите земји во регионот. Граѓаните на Србија и Косово плаќаат 50% поевтина струја од граѓаните во Македонија. Имено цената на мегават час електрична енергија во Србија е 58.9 евра, а во Косово 55.5 евра, во споредба со нашите 89.5 евра, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека поскапа струја плаќаат нашите домаќинства и од домаќинствата во Турција, каде струјата е 74.8 евра за мегават час, односно 15% помалку во однос на Македонија. БиХ и Црна Гора исто така имаат поевтина струја од Македонија, околу 15%.

Струјата во Македонија е скапа затоа што власта го занемари домашното производство, и од некогашните 6 терават часови произведена струја сега не можат да се произведат ниту 4.

Владата не го оптимизира производството, и ја донесе Македонија и граѓаните во полоша положба од граѓаните на државите од регионот, се вели во соопштението.

Претходна вестГрадоначалниците да работат подобро и да му го дадат на Скопје она за што се платени
Следна вестПриведен криминалец баран со потерници