Најмалку 568 лица се загинати во Турција и Сирија по силниот земјотрес кој го погоди пограничното подрачје во двете земји рано утринава. Земјотресот е еден од најсилните што ја погоди Турција во повеќе од 100 години и предизвика потреси низ целиот регион. Според првичните информации силен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди јужна Турција и северна Сирија уривајќи згради и убивајќи повеќе стотици луѓе. Со илјадници повредени, билансот се очекува да се зголеми додека спасувачките екипи ги пребаруваат урнатините во градовите и населбите низ областа.
-Најмалку 284 луѓе загинаа, а повеќе од 2.300 се повредени во Турција, изјави потпретседателот на земјата Фуат Октај.
Во Сирија загинаа најмалку 284 лица, а 639 се повредени, објави сириската државна новинска агенција САНА, цитирајќи официјален претставник на Министерството за здравство.
Од двете страни на границата, жителите кои останаа без сон од земјотресот пред зори излегоа надвор во студена, дождлива и снежна зимска ноќ, додека зградите беа срамнети со земја и продолжија силните последователни потреси.
Спасувачките работници и жителите во повеќе градови бараа преживеани, работејќи низ метеж од метал и огромни купишта бетон.




