Земјотрес во Турција и Сирија: Повредени и двајца ученици од Македонија, бројот на жртвите надмина 1.300 лица

Двајца ученици од Македонија кои престојуваат во Турција се повредени во разорниот земјотрес што се случи рано изутрина зафаќајќи ги и пограничните подрачја во Сирија.

Македонско МНР соопшти дека тие се дел од групата од деветте наши државјани кои се наоѓаат во загрозениот регион. Се работи за осум ученици и нивен ментор/наставник, кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваат во Република Турција.

-Како последица од земјотресот, двајца од учениците се здобиле со телесни повреди: едниот ученик е со потешки повреди – скршеница на која во моментов работат медицински лица и е во фаза на санирање – додека вториот ученик е со полесни повреди. Ниту еден од учениците и Менторот не е во животна опасност, се наведува во соопштението на МНР.

Досега нема информација за други наши државјани кои се наоѓаат во загрозена состојба, или на кои им е потребна асистенција.

-Но, нашите претставништва остануваат континуирана комуникација како со надлежните институции на Турција, така и со наши граѓани кои се информираат и кои информираат за состојбите на терен. По инструкција на МНР, дипломат од Амбасадата во Анкара е веќе упатен во регионот за да помогне во евакуацијата на учениците од градот Кахраман Мараш, како и да обезбеди информација и присуство директно на терен во најзагрозените делови за евентуални дополнителни интервенции, наведува МНР.

Информациите од теренот упатуваат за исклучително силен земјотрес со големи последици по животите на луѓето затекнати во погодениот регион; голем број жртви кои надминуваат неколку стотици граѓани, голем број повредени лица како и сериозна материјална штета која ја отежнува состојбата на терен.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека рече дека само во Турција во земјотресот загинале 912 лица, а повредени се 5.383.

-Најмалку 386 лица загинаа во Сирија, од кои 239 главно во регионите Алепо, Хама, Латакија и Тартус, објави сириската државна телевизија. Илјадници се повредени.

Ердоган додаде дека не може да предвиди колку ќе се зголеми бројот на загинатите додека траат пребарувањето и спасувањето.

-Ова е најголемата катастрофа во земјата од 1939 година, изјави Ердоган пред новинарите, додавајќи дека во земјотресот се урнале 2.818 згради.

 

 

 

Во провинцијата Хатај, која се наоѓа на границата со Сирија, една од најтешко погодените од земјотресот, земјотресот ги расцепи патиштата, а автомобилите паѓаа во дупките.

-Училиштата во 10-те градови и провинции низ Турција погодени од земјотресот ќе бидат затворени една недела, изјави потпретседателот на Турција Фуат Октај.

Се очекува бројот на загинатите во двете земји да се зголеми.

Претходна вестУкраинскиот министер за одбрана е сменет од функцијата под притисок на корупциски скандал
Следна вестМакедонија ќе и испрати конкретна помош на Турција