Во Скопје почнува Светското ракометно првенство за јуниорки

Од денес, па се до 30 јуни Скопје и Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ќе бидат домаќини на  Светското јуниорски првенство во женска конкуренција. Мундијал за девојки до 20 години или втор на кој учествуваат 32 репрезентации ќе се одигра во двете најголеми македонски арени кои се потполно подготвени – СЦ „Јане Сандански“ и СЦ „Борис Трајковски.

Македонија ќе се натпреварува во групата Х, каде што за ривали ги има Исланд, Ангола и САД. Првиот меч на нашите девојки е закажан за вечерва од 20:15 часот против Соединетите Американски Држави, потоа в петок од 18:00 се игра дуелот со Исланд, а последниот натпревар од групите е закажан в недела во 20:15 против Ангола.

Сите свои натпревари Македонија ќе ги игра во СЦ „Борис Трајковски“. Во двете најголеми македонски сали од денес ќе се одиграат вкупно 116 натпревари на ова Светско јуниорско првенство.

Репрезентациите се поделени во осум групи со по четири учесници кои ќе играат помеѓу себе во Прелиминарната рунда. По комплетирањето на трите кола, двете подобропласирани екипи ќе продолжат во Главната рунда, двете послаби ќе играат во Президент Куп. Потоа од главната рунда, по две селекции од група ќе се пласираат во 1/4 финалето и ќе продолжат во елиминациите за медал, сите други репрезентации ќе разигруваат за пласман.

Претходна вест„Комунална хигиена“ – Скопје овозможува исплата на заостанатиот долг без камата
Следна вест17-годишно девојче од Кавадарци се одјавило од интернат и не се вратило дома, не е достапна ниту на телефон