Во 21-ви век кога информатиката царува на секое поле низ светот, во Македонија студентите од оваа област немаат доволно простор за учење. Затоа и денеска имаше протест.
-ФИНКИ нема зграда, трчаме до Влада, извикуваа студентите од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство пред Владата каде што стигнаа со протестен маратон што почна во Градскиот парк. Ова е втор протест на кој се актуализира просторниот проблем на овој важен факултет.
На протестот беше и деканот кој истакна дека со вакви активности ќе продолжат и во наредните недели за, како што рече, да ја поткренат свеста на државата за проблемот со кој ФИНКИ се соочува веќе 13 години. На факултетот сега студираат околу пет и пол илјади студенти кои следат настава на неколку други факултети од техничкиот кампус во општина Карпош.
Во спротивно, студентите и професорите ќе ги продолжат протестите зашто сметаат дека може да се најде решение за нивниот проблем и следната локација за протест веројатно ќе биде пред Министерството за образование и наука. Но, штрајк нема да има оти не сакаат да се наштети на студирањето.
Да се надеваме дека Владата и ресорното министерство брзо ќе најдат решение за проблемот оти не е доволно за развој на Македонија да имаш формирано факултети, а тие да немаат услови за работа.